еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

Меси најдобар фудбалер, Мбапе прв стрелец на Светското првенство во фудбал во Катар

Аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој ја предводеше својата репрезентација до титулата светски првак, е прогласен за најдобар фудбалер (МВП) на Мундијалот 2022 во Катар.

Меси, кој претходно навести дека ова ќе му биде последен Мундијал, синоќа со два гола ја предводеше Аргентина до триумф во големото финале над Франција на пенали со 4-2 (2-2) и го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во богатата кариера.

Најдобар стрелец на Мундијалот е репрезентативецот на Франција, Килијан Мбапе, со осум голови, од кои три постигна во финалето.

Меси го заврши Мундијалот на второто место на листата стрелци со седум голови, пред Оливие Жиру (Франција) и сонародникот Хулијан Алварез со по четири голови.

За најдобар голман е прогласен аргентинскиот чувар на мрежата Емилијано Мартинез, а наградата за најдобар млад фудбалер му припадна на уште еден Аргентинец – Енцо Фернандез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како се славеше победата на Аргентина во Буенос Аирес

Репрезентации од Јужна Америка десет пати го освоиле Светското првенство во фудбал, европските имаат 12 победи

Аргентина по трет пат светски првак во фудбал

МИА/Фото: ФИФА/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Границата со Грција останува затворена до 15 јуни

Редакција

Дизелот и „Еуросупер БС-95“ поевтинуваат за два денари

Редакција

Министерот Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците, да се подигне свеста за децата со попреченост

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница