еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Метереолозите за денеска најавуваат дожд во попладневните часови

Времето денеска е ведро и претежно тивко, а утринава се зголемува облачноста од југозапад.

Најниска температура од – 3 степени е измерена во Берово и Лазарополе, нула во Крива Паланка и Попова Шапка, еден во Скопје-Петровец, Битола, Охрид, Крушево и Маврови Анови, два во Прилеп, Тетово, Струмица, Дебар и Претор, три во Куманово и Демир Капија, четири во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Гевгелија, пет во Виница и осум степени во Дојран.

Претпладне во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево, а во западните ќе се зголемува облачноста.

Попладне ќе преовладува умерено до значително облачно со појава на повремен дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Повремен дожд ќе се прошири преку ноќта и во останатите делови од земјата.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а од пладневните часови ќе се зголеми облачноста и преку ноќта ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До четврток Македонија во портокалова алертна фаза, пад на температурите од петок

Редакција

Март потопол од вообичаеното и со натпросечни количества на врнежи

Редакција

Која е симболиката на велигденските црвени јајца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница