еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мето Јовановски последниот поклон пред публиката го имаше пред само дваесет дена во својот матичен Драмски театар Скопје

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје.

„Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата „Што виде собарот“, во себе ја носеше истата жар за професијата.

Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26 октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на „My name is Goran Stefanovski“.

Македонската и регионалната публика останува без актер кој ќе го памети по неговата харизма, а колегите актери по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот свој здив.

Се простуваме од бардот на македонското глумиште и изразуваме сочувство до почитувачите на големиот Мето Јовановски.

Дополнително со семејството ќе известиме за оддржувањето на комеморацијата во Драмски театар Скопје,“ велат од Драмски театар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина актерот Мето Јовановски

Фото: Драмски театар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пелистерка тргната од Листата за набљудување на Берзата

Редакција

Зголемување од 23%: За една недела 4.463 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

„Уника“ го доби тендерот на ЈСП за осигурување вреден 183.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница