еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков и Тачи на суд: Продолжува судењето за „Титаник 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на вешт наод, изработен од економскиот вештак Величе Николовска од „Синопсис Скопје“, избран по случаен избор во договор со обвинителството и одбраната.

Судијата Огнен Ставрев, на претходното рочиште, информира дека со изведување на вештиот наод се исцрпува листата на докази и закажа уште две рочишта за 8 и 15 февруари, кога ќе бидат изведени завршни зборови на СЈО и одбрната.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 10 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 3.803 заболени од Ковид-19, 3.564 пријавени во периодот од јануари до март

Редакција

Илија Димовски: Нема да учествувам во ниту една нова фингирана битка, игра и пресметка во ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница