еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски до новинарите: Прашајте го Груевски за логистиката и личниот шофер во Будимпешта

Да се фокусираме на решавање на реалните проблеми на граѓаните и да гледаме државата да оди напред, наместо да го коментираме ова реално шоу и војарески клипови. Тоа ниту ќе даде вредност на квалитетот на животот, ниту ќе направи нешто добро за државата.

Вака лидерот на ВРМО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  го коментираше вчерашното видео на Никола Груевски од Будимпешта што беше пласирано во медиумите.

Мицкоски денеска ги упати новинарите директно да го прашаат Груевски во врска со неговата логистика во Будимпешта, користењето возило со личен шофер и посетувањето елитни ресторани.

-Треба да го прашате Груевски за тоа. Претпоставувам ќе ви даде ссодветен одговор. Лично, како Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, немам коментар, ниту знам кое е возилото или кој е шоферот, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по доделување на наградите на најдобрите 100 компании од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Мицкоски нагласи дека досега немал никаква комуникација, ниту пак има сознанија дека некој од партијата се сретнал со Груевски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на унгарската дипломатија за „Ле Монд“: Го транспортиравме Груевски од Тирана до Будимпешта од безбедносни причини

Обвинителството ќе ги испрашува „другарите“ на Груевски од Будимпешта

Додека јавноста чека информации за неговото бегство, Груевски стана „ѕвезда„

(Видео) Груевски снимен во познат и скап ресторан во Будимпешта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

10 прекршувања на полицискиот час, 417 казни за неносење маска

Редакција

Македонија нема да праќа војници во Украина, ќе се преиспитува и воената помош за земјата

Редакција

Османи го брани Рама

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница