еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски го повика Спасовски да ја напушти Владата, ако не се согласува за законот за амнестија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да ја напушти Владата доколку не се согласува со носење на законот за амнестија.

Мицкоски, кој денеска присуствува на почетокот на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Охрид рече дека Спасовски има две опции.

– Едната опција е ако не се согласува да ја напушти владата, рече Мицкоски.

Втората опција која ја има Спасовски, потенцира лидерот на опозицијата, е да молчи и да прифати дека тие коишто се опфатени со овој закон се озлогласени криминалци, луѓе кои што тргувале со недозволени супстанци или познати како нарко дилери, переле пари, вршеле изнуда, правеле насилство и така натаму.

-И тие треба да добијат намалени затворски казни или дел од нив да добијат и целосна амнестија, за да потоа се најдат повторно на улиците и да повторно прават проблеми и го тероризираат чесниот граѓанин во Македонија, додаде Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законот за амнестија е доставен до Собранието, ќе се носи по скратена постапка

Законот за амнестија нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите и непотребно е да се носи, смета Спасовски

МИА/Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение, од МОН тврдат дека учениците ќе ги имаат сите учебници пред почетокот на новата учебна година

Редакција

(Фото) Заев и Борисов на опуштена прошетка низ Дубровник

Редакција

Голем раст на случаеви на повторно заразување со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница