еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не би го поддржал Договорот од Преспа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа рече дека ниту еден пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не би го поддржал Договорот од Преспа и дека тој договор е мртов.

Тој обвини дека на референдумот имало брутално полнење на гласачките кутии и објави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара формирање на анкетна комисија во парламентот која ќе ги испита ваквите незаконски активности на власта.

Тој рече дека избори се можни само според условите предвидени од Пржинскиот договор. Мицкоски уште еднаш избегна да каже дека го бојкотирал референдумот и изјави дека апстинирал бидејќи референдумското прашање било двосмислено односно дека е за ЕУ и НАТО, но не за прифаќање на Договорот од Преспа.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познати кандидатите за заменици министри на Алијанса за Албанците

Редакција

Актерката Стојановска ослободена од вина и од Апелација: Здравјето ми е нарушено од долгогодишниот стрес

Редакција

Велешанка подведувала малолетничка на проституција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница