еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Полукриминални групи вршат притисоци врз пратеници од власта кои сакаат предвремени избори

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Охрид обвини дека полукриминални групи контролирани од СДСМ и ДУИ вршат притисок врз пратениците од власта кои сакаат да поддржат предвремени избори.

Одговарајќи на новинарско прашање по осветувањето на водите на Охридското Езеро за тоа дали има пратеници од власта кои сакаат избори, посочи дека нема рационален човек во македонскиот Парламент што и сака добро на Македонија, а да не сака избори.

– Па, мислам дека не би имало човек во Парламентот, рационален човек кој што и сака добро на Македонија, а да не посакува избори. Но, оние полукриминални групи кој што, високото раководство на СДСМ и ДУИ ги контролираат и се дел од македонското подземје, веќе почнуваат да вршат притисок врз тие пратеници, изјави Мицкоски.

Изрази убедување дека, како што рече, и покрај притисоците, тие ќе останат доследни, бидејќи борбата за Македонија нема цена.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оптимизам за завршување на руската инвазија по новата рунда преговори помеѓу Украина-Русија

Редакција

(Видео) „Послушајте патриоти“ во изведба на ДНК и Наум Петрески, последната нумера од „Македонијо во срце те носиме“

Редакција

Кој е Зарко Милошевски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница