еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски поминал покрај Будимпешта, но дали се видел со Груевски: Струмичко „бентли“ го следел во Унгарија

По пишувањата на одредени медиуми дека претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски бил виден во близина на Будимпешта, па се постави прашањето, дали можеби се видел со азилантот Никола Груевски, реагираа од неговата матична партија.

„Претседателот Мицкоски е во еднодневна куса посета на главниот aвстриски град Виена, а самиот престој е од приватен карактер, поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа, причината за престојот е за научни цели.

Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација.

Вистината е дека во близината на Будимпешта (околу 40 км после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката „бентли“ со струмички регистарски таблици, управувано од роднина на премиерот Зоран Заев.

Веруваме дека тоа е и изворот на тенденциозноста на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта, обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради слабата поддршка од граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Питер Ванхауте: Не губете време и пари на нови избори, решавајте ги проблемите

Редакција

(Фото) Запознајте ги судиите од Македонија кои ќе судат на Летните олимиски игри во Париз

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 21 лице, изречени 584 казни за неносење маска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница