еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски прашува дали Захариева барала нов договор со уставни измени, Османи вели дека не коментирал шпекулации

Проблемот кој го имаме со Бугарија, не е само со Гоце Делчев, таму имаме низа проблеми и за сите тие проблеми треба внимателно да ги следиме и да реагираме, рече во интервју за „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Еве ќе ви дадам уште една ексклузивна информација. Да го прашаме министерот за надворешни работи Бујар Османи дали е точно дека барањето од страна на неговата колешка (Захариева) било практично да се потпише нов договор кој ќе биде сличен на Преспанскиот со уставни измени, каде ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 наваму, а пред 1945 година дека сме биле нешто друго. Еве да го прашаме дали ова е точно и дали е ова услов за понатамошно продолжување на преговорите, рече Мицкоски.

Министерот Османи пак во смс порака за Плусинфо како шпекулација ја оцени изјавата на Мицкоски дека неговата бугарска колешка Екатерина Захариева на нивната прва средба во Софија, минатата недела, побарала двете влади да потпишат нов договор сличен на Преспанскиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија повторно на погрешната страна на историјата

Во Македонија се зголемувала антибугарската реторика, удел во тоа имале руските служби, тврдат бугарски аналитичари

Бугарскиот историчар Дечев: Македонскиот јазик е вештачки колку што се вештачки и другите

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Становите во Скопје за три години поскапеле за 20% и нема да поевтинуваат

Редакција

Сопственикот на брендовите „Зара“, „Масимо Дути“, „Бершка“ ќе затвори 1.200 продавници, продажбата се сели на Интернет

Редакција

Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката во Кочани, чиј имот и бизниси ги „тресе„ полицијата, имал и скапо „бмв 7„

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница