еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски предложи пакет мерки за ублажување на економските последици од кризата

Лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски денеска предложи пакет мерки за стопанството, компаниите и граѓаните за коишто се надева дека ќе бидат разгледани од Владата и прифатени.

Мицкоски ја повика Владата да ги прифати овие мерки, но исто така критикуваше дека вчера предложените владини мерки се задоцнети, недоволни и не се однесуваат на компаниите.

Првиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е вишоците струја кои ги произведува АД ЕСМ кои се јавуваат во текот на ноќта и викендот да бидат отстапени на стопанството и тоа од 1 ноември до крајот на кризната состојба.

Цената, според Мицкоски, нема да надмин 80 евра за мегават часови и се работи за 200 до 250 илјади мегават часови. Според него, за ова да се оствари треба да се интервенира во два закони, бидејќи недела е неработен ден, за да може работодавачите да одберат кој ден од неделата би го користеле за слободен ден.

Втората мерка е секоја компанија која ќе плати цена на струја за мегават час над цената на регулираниот пазар, половина од разликата да ја превземе државата со субвенција.

Според калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за педесетина милиони помош кон стопанството за да не ни случи колапс.

Мицкоски предложи како мерка викенд без ДДВ за основните прехрабени производи, интервенција во Законот за личен доход за што ќе поднесат измени во Собранието, да се одложи скалестото оданочување од 1 јануари 2023.

Последната мерка се однесува на „дестерелизирање на благајничките записи во Народната банка“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија не е само во енергетска, туку и во економска криза.

-Пакетот мерки нема ништо со што ќе се заузда растот на цените на храната, плаќаме најскапа струја во регионот, рече Мицкоски, оценувајќи дека вчлерашниот пакет мерки промовиран од Владата е симболичен и недоволен и „гол маркетиншки трик“. 

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Објавена снимка од убиениот атентатор на Трамп, имал 20 години

Редакција

Пристигна нова тура од 12.870 дози од вакцината “Фајзер“

Редакција

(Фото) Под посебни протоколи се одржа традиционалната Струшка Литија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница