еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата,  Александар Николоски остварија средба со премиерот на Република Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕШ, Виктор Орбан, информираат од партијата.

“На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања.

Една од темите беше справувањето со ковид кризата, која преставува заеднички предизвик на државите од Европа, при што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја потенцираше потребата од поддршка и отворена соработка со оглед на фактот што Македонија е една од земјите која досега има најголеми последици од оваа пандемија.

Исто така на средбата беше отворено прашањето за мигрантскиот бран и состојбата на јужната македонска граница, при што Мицкоски ја отслика состојбата со авганистанските бегалци во Македонија.

Соговорниците разменија мислење и ја потенцираа важноста за поддршка на заеднички иницијативи како што е иднината на Европа, кои ќе овозможат перспектива и нови можности.

Од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше посочено дека во Македонија изминатите години владата има исклучително слаб учинок во справувањето со корупцијата и подобрувањето на економскиот амбиент во државата, што е евидентирано и посочувано од страна на нашите меѓународни партнери.

Тоа пред се се должи на немањето на капацитет и волја од страна на власта, но беше посочено дека Македонија и македонскиот народ заслужуваат отворање на процесот на преговори, затоа што реформските политички сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе имаат можност да спроведат брзи и итни чекори за приближување до европските стандарди.

Претседателот Мицкоски посочи дека државата мора да има целосно дефинирани цели и дека граѓаните заслужуваат иднина базирана на промени, реформи и нови успеси.

Соговорници ја истакнаа одличната соработка на двете сестрински партии и се заложија поддршката да продолжи да се развива и унапредува“, велат од партијата.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За неколку дена ќе го имаме идентитетот на лицето кое го вееше знамето на „голема Албанија“, вели Спасовски

Редакција

Како и Вие да помогнете: Црвениот крст со првична помош од 30.000 евра за жртвите од земјотресот во Албанија

Редакција

Собраниската Комисија за избори и именувања предложи директори во неколку испразнети институции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница