еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Со Заев има шанса само да констатираме дека договорот за името е мртов

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Дојче веле, на прашањето дали има шанса да се најде заеднички јазик за уставните измени предвидени со договорот за името со Грција, со премиерот Зоран Заев, вели дека „има шанса да констатираме дека договорот е мртов“.

„Секое натамошно силување на овој процес само ќе произведе дополнителни тензии и поларизации во општеството, а единствен виновник за тоа е Зоран Заев кој ветуваше нешто што не може да го исполни„, вели Мицкоски.

Во врска со можната амнестија за настаните во Собранието од 27. април и повикот на потпретседателот на партијата, Митко Јанчев, да биде прифатена таква понуда, Мицкоски вели дека тоа е негов личен став. Понудата, додава, не е ни витешка, ни чесна, вели тој.

„Ние веруваме во правда и правдина и не признаваме никаква трговија со правото и правдината. Обвинетите се невини жртви на политички прогон од страна на Зоран Заев и СДСМ. Заев во неговиот говор имаше можност ним и на нивните семејства јавно да им се извини за сѐ што претрпеа тие во изминатата година, но тој одлучи во негов манипулативен стил да условува, поддржете го договорот со Грција и потоа ќе има амнестија. Срамота„, вели Мицкоски за Дојче веле.

Целото интервју на Дојче веле, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанчев: Ајде да направиме амнестија, би гласал за уставните измени

Амнестија во живо

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ТНТ“ по две години започна од почеток: Ќе има ли епилог за уривањето на „Космос“ на Фијат Цановски?

Редакција

Во Скопје и во Софија има групи кои работат да не се постигне компромис, вели Бучковски

Редакција

Ревакцинирани се вкупно 647.769 граѓани: 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница