еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Собрани вкупно 45.000 потписи за поништување на Законот за попис

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук тврди дека во рамки на вчера започнатата иницијатива за собирање потписи за поништување на Законот за попис, под мотото „Стави го својот потпис за вистински попис“, досега се собрани 45 илјади потписи.

– Денес се собрани нови 20 илјади потписи против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта. За два дена собрани се 45 илјади потписи. Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката.

Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро. Македонската пролет доаѓа!, наведе Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) „Вице даде зелено светло да запалам коли“: Нова „бомба“

Редакција

Завршни зборови на одбраната на судењето за случувањата во Собранието од 27. април

Редакција

За една недела намалување од 26,5 проценти на нови случаи на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница