еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Трите барања на Петков се ултранационалистички, не знам зошто воопшто преговараме

Трите барања на бугарскиот премиер Кирил Петков за отворениот спор меѓу Македонија и Бугарија се ултранационалистички, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

– Тие три барања се порадикални и од барањата на Каракачанов. Затоа што он вели вака „Декларацијата од Параментот“ – таа е ултраасимилаторска и хегемонистичка, потоа вели „Бугарите во Уставот“ и конечно на крај викаат „Договорот за добрососедство“.

Не знам кој нормален човек од Македонија ова ќе го прифати. Јас не знам дали има таков човек. Па дури и овие кои ние мислиме дека се комплетно отсутни кога станува збор за националните интереси, мислам дури ни тие ова не може да го прифатат, рече Мицкоски.

Според него, ова е обид на Петков да ја одржи како таква коалицијата во Бугарија со, како што вели, „ултра радикален национализам“.

– Се гледа дека човекот политички лута, од тоа што се претставуваше како либерал со отворени сфаќања, сега да тврди ултра националистички барања. Нормално дека тоа нема да го прифатиме.

Додека не видиме гаранции на маса со кои се поништува резолуцијата од ноември 2019 година, додека не добиеме еден документ за да имаме основа да дискутираме за се останато, не ја гледам поентата на тие преговори. После оваа изјава негова не знам зошто воопшто преговараме, нагласи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорги Спасов за трите услови на Петков: Сите барања треба да им бидат вратени по пошта со назнака „погрешна адреса

Петков има три услови за Македонија, Вархеји сака договор во јуни

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Најдоцна до 14.30 часот утре, ќе биде поднесена иницијативата за гласање недоверба на Владата

Редакција

(ВИДЕО) Бучковски во Софија однел нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија и дека нема да се меша во прашањето за малцинствата

Редакција

Ако нема нова вонредна состојба, избори на 5 јули

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница