еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: Владата да го покаже документот за кој преговара со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја повика Владата да го покаже документот од, како што рече, „12 точки“ за кој преговара со соседна Бугарија.

На денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ги повика премиерот и надлежните министри да се охрабрат и да присуствуваат на дебатата во Парламентот што ја организира опозицијата.

– Ги повикувам на разум. Веднаш да излезат со документот, да се охрабрат и да се појават на дебатата во Парламентот што ја организира пратеникот Антионио Милошоски. Да дискустираат пред пратениците и македонската јавност, доколку нема што да кријат, рече Мицкоски.

Тој останува на ставот дека со Бугарија се разговара за македонскиот идентитет.

– Факт е дека се распродава македонскиот идентитет. Ние тоа го зборуваме уште од октомври, дека на маса се услови кои немаат никаква врска со претходно потпишаниот Договор за пријателство.

Тоа се услови кои директно претставуваат негирање на македонскиот идентитет. Секој политичакр кој вика дека не се дискутира, лаже и манипулира со јавноста. На маса покрај бизнисот, е и македонскиот идентитет, рече Мицкоски.

Во однос на најавената интерпелација за вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров, лидерот на опозицијата очекува дебатата да почне следната или неделата потоа.

– Интерпелацијата е потпишана и стигната во Парламентот. Врз основа на информациите што од вчера ги имам од пратеничката група веќе следната или неделата потоа, таа ќе биде на дневен ред во Парламентот, соопшти Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„РКМ“ го доби тендерот на „Балкан Енерџи“ за набавка на мазут вреден 22 милиони евра

Редакција

Алијанса за Албанците: Резерви за веродостојноста на Пописот, ги анализираме резултатите

Редакција

Каков имот пријавил Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница