еМагазин
Image default
Македонија

Мицковски го предлага Владимир Панчевски за прв човек на новото СЈО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски смета дека е дискутабилен кадровскиот ресор со кој располага сегашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) и оти обвинителите не можат да се префрлат во новоформираното обвинителство, туку мора да се вратат во обвинителствата од кои дошле.

Во интервју за телевизија „Сител“, Мицковски вели дека е дискутабилен кадарот со кој располага сегашното СЈО.

– Дел од обвинителите, вклучувајќи ја и главната обвинителка, гледаме дека се комплетно контаминирани со случајот „Рекет“. Според закон, тие не можат да се вратат во новоформираното обвинителство или одделение. Тие мора да се вратат во обвинителството од каде што дошле, оценува Мицковски.

За предлогот Вилма Рускоска да биде на чело на новото обвинителство, Мицковски вели дека тоа е исто како тие да предложат човек кој има репутација и кредибилитет и кој бил биран со години како најдобар во судската фела а, тоа е Владимир Панчевски.

– Зошто да не се размислува за таа идеја? Зошто да не го избереме него, вели Мицковски.

На прашањето на новинарката дали тоа е нивни предлог, Мицковски одговара потврдно.

– Зошто тој да не биде човекот кој ќе го води новото одделение или новото обвинителство?, вели Мицковски во интервјуто.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реакција на Иванов за постапките на Антикорупциска: Указите се донесени согласно Уставот

Редакција

Граѓаните подобро ќе се запознаат со работата на Собранието преку парламентарен караван

Редакција

Нови кадровски решенија во Царинската управа, затворот во Битола, Управата за водостопанство…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница