еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Миле Зечевиќ останува во Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Од Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза информираат дека поради истек на мандат на ден 16.7.2023 година согласно Решение за издавање претходна согласност од Народна банка од 15.7.2019 година, Иванчо Велјановски повеќе не е член на Нaдзорниот Одбор на Банката.

-Воедно, Ве известуваме дека поради истек на мандат на ден 16.7.2023 година согласно Решение за издавање претходна согласност од Народна банка од 15.7.2019 година, Миле Зечевиќ повеќе не е независен член на Надзорниот Одбор на Банката.

До финализирање на постапката која е во тек за добивање на претходна согласност од Народна банка за повторно именување на Миле Зечевиќ за независен член на Надзорен одбор, кој истовремено ја извршуваше функцијата претседател на Надзорниот одбор, со Одлука од Надзорниот одбор на Банката за времено именување на заменик претседател од редот на своите членови ја именува Гордана Гацева, велат од Банката.

Зечевиќ е генерален секретар на владејачката СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Александра Радевска именувана за член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Владимир Ефтимоски, претседателот на УО продаде акции во Стопанска банка Битола

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 12 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.694

Редакција

Анѓушев: Со Renewable energy supply ќе го промениме концептот на продажба на струја и на компаниите ќе им обезбедиме предвидливост на цените

Редакција

Османи најави средба со бугарските здруженија, ќе ја советува заедницата како да се интегрира во општеството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница