еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Милевски се повлекува од министерската функција, ќе го наследи кадар на ЛДП

Горан Милевски идната недела ќе се повлече од  функцијата министер за локална самоуправа во Владата.

Информацијата тој ја потврдил утрово за ТВ 21 и за Локално.

-После тригодишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, вели Милевски во врска со информациите во медиумите дека се повлекува од функцијата во Владата.

Во ЛДП, партијата чиј претседател е, се водат разговори за негов наследник во министерскиот ресор. Тој тврди дека не постои раздор во партијата и оти до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни партиски одлуки.

Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во ЛДП од Андреј Жерновски.

Горан Милевски е министер за локална самоуправа од 2019 година. Оваа функција ја извршуваше во првиот мандат на Владата предводена од Зоран Заев, во преодната Влада, а потоа и во вториот мандат на владиниот состав на Заев.

Ресорот локална самоуправа го задржа и во актеулана Влада на премиерот Димитар Ковачавески, избарана на 16 јануари годинава.

Од Владата и од ЛДП засега нама коментар за најавената оставка на Милевски.

МИА/Фото: Фејсбук/Милевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар на Владата, Рашковски позитивен на Ковид-19, хоспитализиран е на Инфективна

Редакција

Граѓаните најзагрижени за животниот стандард, ниските плати и пензии, криминалот и корупцијата, покажува анкетата на НДИ

Редакција

Пред кризата 360.000 луѓе живееле во сиромаштија, а до крајот на годината бројката ќе се зголеми на 510.000

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница