еМагазин
Свет

Милијардерот Илон Маск го продава речиси целиот свој имот

Канадскиот милијардер Илон Маск планира да го продаде речиси целиот свој имот, напиша денеска тој на својот твитер-профил.

– Го продавам речиси целиот свој имот. Нема да имам дом, објави Маск.

Тој, исто така, напиша дека цената на акциите на „Тесла“ е премногу висока. Цената на хартиите од вредност денеска се намали за 71,81 долар, достигнувајќи 710,07 долари.

Според извештајот на Институтот за политички истражувања, објавен на 23 април, сопственикот на „Тесла“ и „Спајс Икс“ од 1 јануари до 10 април оваа година станал побогат за пет милијарди долари.

Една од причините за тоа е лансирањето на механичките уреди за вентилација на компанијата „Тесла“.

Последните проценки на „Блумберг“ покажуваат дека акциите на Маск надминуваат 39,7 милијарди долари. Тој се наоѓа на 22. место на листата на најбогати луѓе во светот.

Неговите главни инвестиции се во алтернативни електрични средства и комерцијални вселенски услуги.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воената операција во Украина ќе биде целосно спроведена, Русија не бара помош од Кина, велат од Кремљ

Редакција

На Божик, папата повика да се стави крај на „бесмислената“ војна во Украина

Редакција

Украина: Преговорите се тешки, руската страна е крајно пристрасна

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница