еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Минатата недела бројот на заболени со Ковид-19 пораснал за 8,5%

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 25 до 31 јули покажуваат дека се тестирани вкупно 10.027 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со незначително намалување од 0,2% во однос на минатата недела (n=10.050).

„Регистрирани сe 4.764 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со зголемување од 8,5% во однос на минатата недела (n=4.389).

Процентот на позитивност се движи од 38,2% до 53,4%, просечно 46,0%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.058; 43,1%). Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци (617,3/100.000)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идентификацијата на загинатите во несреќата во Бугарија ќе трае најмалку седум дена

Редакција

„Да се тврди дека нечиј идентитет е вештачки, фалсификат е неписмено,“ вели Димитров за изјавата на Радев

Редакција

За еден ден група на Фејсбук која повикува на бојкот на маркетите има над 600 членови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница