Украинскиот претседател Володимир Зеленски не сака да води разговори со Москва во Белорусија, туку предлага тие да се водат во Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку.
Во националното обраќање утрово, Зеленски рече дека останува отворен за разговори на други локации кои не покажуваат агресија против Украина.
Според Зеленски, руските потези се тактични и територијата на Белорусија е искористена за инвазија врз Украина.
„Минатата ноќ во Украина беше брутална, повторно пукање, повторно бомбардирање на станбени области, цивилна инфраструктура“, рече Зеленски во обраќањето објавено на интернет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Зеленски