еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Минчо Јорданов сведочеше во „Шпион“: Со Божиновски соработував и потоа ме уценуваше

Бизнисменот Минчо Јорданов денеска сведочеше на судското рочиште за случајот “Шпион”.

Тој кажа дека побарал услуги од обвинетиот Зоран Божиновски по препорака на пријател, но не бил задоволен од соработката.

„Имав интересво повеќе компании и ми беа потребни податоци за тие фирми, за тоа дали се во процес на приватизација, како и одредени информации за партнерите, информации кои можат да го рашират и зајакнат бизнисот. Затоа ми требаше некој човек, а некои од моите пријатели, не знам кој точно, ми го препорача Зоран Божиновски“, изјави Јорданов.

Тој потоа објасни дека бил разочаран од работата на Божиновски.

„Му дадов 5.000 евра на Божиновски за да направи аналитичко истражување, но за жал се покажа дека таа анализа беше подолу од било каков кафански муабет, без факти и поради тоа прекина нашата соработка“, рече Јорданов.

Тој во кафеана му кажал на Божиновски дека е незадоволен од неговата работа, по што овој изразил несогласување и му барал уште пари.

Откако соработката прекинала, Јорданов истакна дека Божиновски во неговиот Буре весник почнал да го уценува, па ширел лаги како на пример дека во болницата Ремедика се вршело трговија со органи.

Сепак, Јорданов рече дека не се приклучува во прогонот односно дека нема да бара отштета од обвинетите.

Фото: Стоби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лично искуство со „чудноќата“ на Ковид-19: Последици по прележување замор, намалена концентрација, паѓање на коса

Силвана Жежова

Победниците на Евровизија го продадоа евровизискиот трофеј за да соберат пари за украинската армија

Редакција

Претседател на Судскиот совет може да биде било кој од членовите, а не само избраните од Собрание, одлучи Уставен суд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница