еМагазин
Спорт

Минимален пораз на ШК Алкалоид во третото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Во дерби мечот на третото коло ШК Алкалоид загуби со минимална разлика 2,5 : 3,5 од рускиот шампион “Mednyi Vsadnik” од Санкт Петербург.

Очекувано, ова беше многу тежок меч, во сите шест партии се водеше напрегната борба, на моменти со минимална предност за шахистите на Алкалоид. Сепак, на крајот пет партии завршија со реми, и Криворучко единствен претрпе пораз.

По одиграни три кола, 7 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални 6 бода, две имаат 5 и потоа следи поголема група со 4 бода, меѓу кои и екипата на Алкалоид.

Во четвртото коло,  ШК Алкалоид за противник ја има српската екипа „Итака“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карате клубот „Макпетрол“ со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година

Редакција

Осомничениот тренер за обљуба на малолетнички не е наш член: Џудо федерација згрозена

Редакција

На 51-годишна возраст почина Александар Јовиќ, тренер на РК Пролет и поранешниот македонски ракометен репрезентативец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница