еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Минимално опаѓање на високите натпросечни температури вo понеделник и вторник

Утре ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината, кои на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надминат 40-тиот степен.

И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има вo недела и понеделник, најави Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што најави претходно УХМР, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, а максималната температура ќе биде до 40 степени.

Максималните температури до сабота ќе бидат во интервал од 32 до 40 степени, а во недела и понеделник од 30 односно 31 до 38 степени.

За во вторник и во среда се прогнозирани максимални температури до 39 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина уште едно лице: 15 жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци

Редакција

(Фото) Филипче и Заев даруваа крв по повод 1 Мај

Редакција

Условите за едукација и за нормален живот, ги привлекува студентите на факултетите во Словенија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница