еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерката Петровска: Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска заедно со американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс во скопската касарна Илинден го поздравија завршувањето на заедничката обука на поморските специјални сили на САД, ренџерскиот баталјон и баталјонот за специјални сили на Армијата.

– Ова го покажува нашето силно заедништво и сојузништво, што е особено важно сега кога Русија грубо го нападна територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Остро ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина и стоиме единствени со сојузниците во НАТО во повикот кон Русија да прекине со воените дејствија кои се закана за безбедноста на Европа, напиша Петровска на нејзиниот Фејбук профил.

Таа во објавата додава и дека македонските граѓани стојат во солидарност со граѓаните на Украина.

– Безбедноста на нашата земја е гарантирана, нашата јавност треба да биде сигурна дека државниот врв будно ги следи состојбите и ги превзема сите мерки за гаранција на безбедноста, напиша Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски го осуди чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина

Пендаровски: Силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина

Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност за Украина

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

73,3% од починатите од Ковид-19 имаат претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест

Редакција

Ковачевски од Солун: Со неодобрување на преговарачката рамка, Скопје и Тирана губат драгоцено време

Редакција

Се укинуваат квотите за лекови на рецепт во аптеките во Охрид, Струга, Дојран…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница