еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерката во заминување, Стефоска: Никој не ме праша за конкретните причини зошто треба да заминам и што е сработено

Министерката за култура Ирена Стефоска вели дека не е прашана за конкретните причини зошто треба да замине од функцијата, како и за тоа што е сработено, додавајќи дека сепак право на секој мандатар е да си состави кабинет.

– Никој не ме прашал за конкретните причини зошто треба да заминам, како и што е сработено. Јас си подготвив извештај за отчетност кој ќе стои во архивата на Владата и во Собранието.

Поразговаравме со мандатарот за причините про и контра зошто е важна културата, нагласи Стефоска во гостувањето на „Утрински Брифинг“.

Таа смета дека луѓето се најголемиот ресурс во една мала земја, а ова Министерство, како што рече, заслужува да се вложува во луѓето.

– Луѓето се нашиот најголем ресурс во една мала земја. Толку колку што вредат луѓето толку вредат институциите. Без силни институции, нема држава, институции во кои владее право, процедури. Мора прво да се среди куќата која ги сервисира сите културни работници и институции, Министерството е капата, додаде Стефоска.

Министерката за култура, исто така, напомена дека културата е клучен ресурс и за внатрешните работи во земјата таа е исклучително важна.

– Интеркултурниот дијалог во смисла на интеретничкиот дијалог, во смисла на институционалната и вонинституционалната сцена, независната, во смисла на извозен продукт на една мала земја која има со што да се гордее како во живата култура така и со културното наследство, рече министерката за култура во заминување Ирена Стефоска.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ изолирана: СДСМ нема да ги подржи интерпелациите за министрите, Мицкоски се заблагодари

Редакција

Само седум кандидати се пријавиле за Советот за граѓански надзор врз ОТА

Редакција

Коѕијас: Груевски глумел дека не сака решение за името

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница