еМагазин
Image default
Македонија

Министерот Едмонд Адеми одликуван со титулата ”Витез на редот на Скендербег”

Претседателот на Албанија, Илир Мета, го одликуваше министерот за односи со дијаспората, Едмонд Адем со титулата ”Витез на редот на Скендербег”, титула со која се дава посебна почит кон вредниот придонес во работата и соработката со дијаспората.

Адеми, како што соопштуваат од неговиот Кабинет,  ја истакнал важноста и задоволството од ова одликување и ја потенцирал важноста на Самитот за дијаспора преку компарација на истиот со собранието Лежа од пред 575 години.

„И овој втор Самит е во некоја форма собрание, ако пораката во тоа време беше политичко-воен сојуз за слобода, пораката на овој Самит е сојуз со дијаспората со цел да се изградат мостови на соработка за економски, културен, социјален и политички развој на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово“, рекол меѓу другото во своето обраќање Адеми.

Адеми престојуваше во Албанија, каде учествуваше на Самитот на дијаспората.

Фото: Фејсбук/Адеми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

427 санкции за неносење маска 

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваaт 668

Редакција

Милошоски: Од уставно-правен аспект Собранието не може да одлучува преку онлајн апликации

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница