еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот Сали вели дека протестирале само 25% од матичните лекари

Министерот за здравство Беким Сали денеска коментирајќи го протестот на матичните лекари изјави дека пациентите не треба да бидат жртва на одредени задоцнети политики и посочи дека не успеале да убедат само мал дел од матичните лекари, односно околу 25 проценти од нив.

-Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, тоа се 25 отсто од матичните лекари. Слободно проверете, две здруженија од трите поголеми здруженија на матичните лекари не се дел од овој штрајк и не се вклучија во изразување на бојкот на работа во којшто жртви односно подебелиот крај го извлекуваат пациентите, а не системот.

Затоа што измени во системот се прават преку разговори, а не преку штрајк во којшто за жал пациентите се тие што страдаат, порача Сали во одговор на новинарско прашање по настанот на тема „Справување со дезинформации околу вакцинацијата – потреби и предизвици“.

Според Сали, не станува збор за протест, туку за штрајк со тридневно изразување револт кон политиките на Министерството за здравство.

Протестот на Здружението на приватни лекари започна вчера, а ќе трае и утре. Тие одлучија, преку мирен протест  да побараат зголемување на капитацискиот бод, електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, како и да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години.

Лекарите што се вклучени во протестот најавија дека нема да издаваат упати и рецепти, а ќе примаат само итни случаи.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин го поништи декретот за поддршка на суверенитетот на Молдавија

Редакција

(Видео+фото) Невреме го поплави Делчево, кое нема атмосферска канализација

Редакција

Владата ги усвои законските измени за минимална плата од 18.000 денари

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница