еМагазин
Image default
Македонија

Министерот за одбрана на Косово доби признание „почесен граѓанин“ од Општина Гостивар

Министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај го доби највисоко признание на Општина Гостивар и стана „почесен граѓанин“.

Врачувањето на признанието со „клучот на градот“ беше организирано по посетата на делегацијата од Косово и средбата во кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари.

Првиот човек на општина Гостивар на пригодниот чин напомена дека доделување на клучот на градот е укажување на доверба и поттик за натамошна соработка.

– Чест и задоволство е да му се додели вакво признание на личност со импозантна биографија. Тој освен што млад, има стекнато значајно искуство и е образуван како воено лице во Кралството Норвешка. Кога даваш клуч некому тоа значи дека имаш доверба во него. Па освен тоа што ќе биде драг гостин од него очекуваме тој да лобира и да ѝ помага на нашата општина, рече градоначалникот Таравари.

Гостинот искажа задоволство од укажаната чест и напомена дека во иднина тоа за него ќе биде поттик за да доаѓа во Гостивар и да помага во неговиот развој развој.

На приемот кај градоначалникот, присуствуваше и заменик министерот за одбрана на Македонија, Тирон Јахјага.

МИА/Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкетата на Телма и МЦМС: Голем пресврт, дури 53,5% од граѓаните немаат доверба во СЈО

Редакција

Груевски се огласи за највисокиот рејтинг во анкетата на ИРИ

Редакција

(Видео) Како Пендаровски ја пречека унгарската колешка Новак

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница