еМагазин
Image default
Македонија

Министерството за култура го менува законот за филмска дејност: Построги критериуми за поддршка на филмските проекти

Министерство за култура подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност.

„Со Законoт за филмската дејност донесен во 2013 година се уредуваат клучните прашања за начинот, условите и постапката за финансирање и вршење на филмската дејност.

Во Законот се содржани и одредби за поттикнување на реализирањето на филмски продукции со средства кои се обезбедени од други извори на финансирање.

Имајќи го во предвид досегашното искуство во работата и функционирањето на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, странските компаративни искуства, како и предлозите за изменување на Законот, доставени од филмските професионалци, се утврди потребата од изменување на Законот за филмската дејност.

Со измените на Законот, ќе се воведат построги критериуми за поддршка на филмски проекти, со што ќе се овозможи поквалитетна селекција и поддршка на најдобрите проекти“, се вели во образложението.

Во него се додава дека со измените ќе се изврши подобрување и на одредбите за раководење и управување со Агенцијата, одредбите за финансирање на проекти од национален интерес за филмската дејност и на одредбите за поттикнување на вложување на средства во филмски односно телевизиски проект.

„Целта на предложениот закон е подобрување на законските решенија од постојниот Закон за филмската дејност, во насока на создавање на нормативни предуслови за непречено и поквалитетно остварување на филмската дејност“ пишува во образложението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 100 војници со навршени 45 години од утре ќе работат во затворската полиција

Редакција

СДСМ денеска избира ново партиско раководство

Редакција

Бугарскиот европратеник Ковачев: Малку е веројатно Софија до утре да го промени својот став за ветото

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница