еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да се школуваат на престижната воена академија „Вест Поинт“ во САД

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да одат на редовно школување на престижната воена академија „West Point” во Соединетите Американски Држави, информираат од таму.

За оваа можност за првпат стана збор при посетата на министерката Радмила Шекеринска на САД во септември оваа година, во чии рамки беше покренато и тоа прашање.

Беше оценето дека досегашното повремено школување на наши питомци на другите воени академии во САД се покажалo како успешно и дека давањето можност за школување на македонски кадети и на една од најстарите и најпрестижни воени академии, „West Point“ ќе влијае позитивно на квалитетот на Армијата на Република Северна Македонија и ќе придонесе кон натамошно продлабочување на соработката и сојузништвото.

Кандидатите за школување на „West Point“ треба да бидат веќе запишани на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во учебната 2021/2022 година.

Конкурсот за избор на тројца кандидати е објавен на интернет страниците на Министерството за одбрана и на Воената академија и можат да се пријават сите што ги исполнуваат предвидените услови. Школувањето ќе трае четири години.

Американската воена академија „West point” е водечка воено-образовна институција во светот според програмата што ја применува во наставата и според условите што ги нуди на своите кадети и е најстара меѓу петте воени академии во САД.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Илјадници граѓани излегоа „За“ европска Македонија

Редакција

СДС ја има целата власт да ја раскине концесијата, исто како што ја споија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот

Редакција

(ВИДЕО) Нов албум на Каролина заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски: Промовирана првата песна „Идила“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница