еМагазин
Image default
Бизнис

Мирослав Вујиќ на местото на Никола Танасоски во Надзорниот одбор на „Триглав пензиско друштво“

„Триглав пензиско друштво“ АД Скопје преку Македонската берза информира дека се случиле промени во Надзорниот одбор на друштвото.

„Доскорешниот независен член на Надзорниот одбор Никола Танасоски си подне оставка, а на негово место како независен член на Надзорниот одбор беше избран Мирослав Вујиќ.

Дополнително, ве известуваме дека Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) со решение од 12.11.2020 година, го одобри изборот на независниот член на Надзорниот одбор на „Триглав пензиско друштво“ АД Скопје Мирослав Вујиќ, како и реизборот на останатите членови на Надзорниот одбор: Аљоша Уршич, Блаж Кметец и Дарко Поповски.

Уписот на промените е извршен и во Централниот регистар на Република Северна Македонија на 24.11.2020 година“, информира компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонијатурист ќе дели дивиденда

Редакција

Отворен стечај за “Еуроникел индустри”

Редакција

Како да ја проверите годишната даночна пријава од УЈП за 2023

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница