еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Младиот пливач Пејчиновски доби стипендија од Владата, одлуката му ја врачи премиерот Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со младиот пливач Марко Пејчиновски на која му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.

Ковачевски, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, му ги честиташе на Пејчиновски досегашните пливачки успеси и упати порака дека Владата преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги поддржува младите успешни спортисти кои се силни промотори на спортска култура во државата.

Како знак на признание на Пејчиновски кој и покрај ретката болест постигнува извонредни спортски резултати, премиерот Ковачевски на младиот пливач му ја врачи одлуката за стипендија во износ од 200.000 денари, средства обезбедени преку Националната федерација „Спорт за сите”.

Со ова, како што се наведува, на овој млад спортист му беше укажана почит и благодарност за неговиот личен пример на пожртвуваност и високи спортски успеси кои Пејчиновски ги посвети на подигнувањето на свеста за лицата со ретки болести.

Неговиот последен спортски успех кој предизвика восхит, е препливувањето на делницата од 64 километри на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид.

На средбата било разговарано и за идните спортски и професионални планови на младиот спортист и за заложбите на Владата за вложување во модерна, безбедна и пристапна спортска инфраструктура наменета за рекреативни и професионално спортување, со цел да го развиваме спортот согласно со светските стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Марко Пејчиновски ја преплива релацијата Охрид-Струга-Св.Наум-Охрид, долга 64 км: Неостварената желба, сега остварена цел

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 19 случаи со Ковид-19 од 3.680 тестирања, бројката на активни е 416

Редакција

210 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Редакција

Мишел од Скопје: Македонци, имате историска можност да кажете ДА

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница