еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Младоженец, невеста и цело семејство од Тетово позитивни на Ковид-19, ама си направиле свадба

Докторот Илчо Ефкоски, на Фејсбук сподели дека во Тетово се организирала свадба иако младоженецот, невестата и целата фамилија знаеле дека се позитивни на Ковид-19.

“Не можам да верувам дека пази ова – зетот и невестата дошле да примат инфузии да се освежат пред свадба, испиле парацетамол од дома, не пријавиле на доктор дека воопшто имаат температура, свадба цела си истерале со сите салтанати.

Направиле дома брзи тестови, позитивни цела фамилија, ама не биле точни тие од аптека, сами ги купиле и ниеден не проверил ПЦР.

Да не биде ова доволно, братот со фамилијата, дел од позитивните, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел Албанија. Немаше ништо да дознаеме, зетот да не заврши на инфективно одделение со пневмонија. Сега се чекаат следните за хоспитализација, веќе доста се позитивни од таа свадба“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Ковид-19 починаа две лица од Тетово

Имала тешка анемија: Во Тетово од Ковид-19 почина 31-годишна жена, 40 пациенти се на кислородна поддршка

Повеќе од половина од хоспитализираните со Ковид-19 во Тетово присуствувале на прослави и забави

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка од премиер на Косово

Редакција

Вашето дете расте и веќе се подготвува за на училиште, а Вашата Samsung гаранција сѐ уште трае

Редакција

По Крим, Русија наскоро ќе ги припои и самопрогласените републики Доњецк и Луганск, тврди американскиот амбасадор во ОБСЕ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница