еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР ги отфрла сите наводи дека се подготвуваат нови документи со Бугарија надвор од Протоколот

Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови взаемни документи меѓу Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи со внимание го следи процесот на формирање на Службената Влада на Република Бугарија и развојот на внатрешните и надворешните политики, при што охрабрува значајниот фокус што се придава на нашите билатерални односи како важен елемент и на новата Влада, велат од МНР.

„Сите појавени информации за внатрешната поставеност, за начинот на организација, акциските планови и приоритетите на новата Влада се внатрешна работа на Република Бугарија, и тие не претставуваат резултат од меѓусебните разговори,“ се вели во соопштението

Од Министерството ги отфрлаат сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи во меѓусебниот Протокол кои значат: прво реципроцитет во рамките на преземените обврски, како и автономија на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ни спрема писмен документ со обврски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само едно лице од повредените македонски државјани во Италија остана во болница

Редакција

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Редакција

Собранието склучи договор со фабриката Карпош вреден 629,6 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница