еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР го осуди оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Министерството за надворешни работи соопшти дека најстрого го осудува вандалскиот чин, кој се случи денеска во Охрид, а со кој е искршена таблата на неодамна отворениот бугарски клуб.

Од МНР потсетуваат дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања.

Од МНР ги повикуваат сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи.

-Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, посочуваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Таблата на „Цар Борис Трети“ целосно искршена, од бугарскиот клуб објавија фотографии

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пријавил Петар Богојески: Од биткоини, сметка во Бугарија, удели во фирми до дијамантски крст

Редакција

Безживотно тело на 15-годишно момче пронајдено кај катна гаража, ќе се истражува дали е несреќен случај или самоубиство

Редакција

Мијалков се појави пред Обвинителството, тврди дека не избегал, туку бил во изолација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница