еМагазин
Image default
Македонија

МНР им се извини на Корејците кои беа нападнати и навредувани во Скопје

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи (МНР), Зоран Попов денеска ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореа кои беа изложени на вербален акт на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје, информираат од МНР.

– Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот, соопшти МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Азијците кои беа нападнати и навредувани во Скопје поради корона вирусот биле од Обединетите Нации

(Вознемирувачка содржина) Видео со навреди за Азијати во Скопје ги загреа социјалните мрежи

Воедно, се посочува дека борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество, особено имајќи ја предвид неговата мултикултурална димензија.

-Таа борба треба да биде императив на сите институции, но и на граѓаните на нашата земја, стои во соопштението. 

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 564.488 граѓани

Редакција

Од изолација заболените со Ковид-19 ќе излегуваат без контролните тестови

Редакција

Неготино бара да воведе полициски час за да го спречи ширењето на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница