еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР до Софија: Одлуките на Комисијата не се насочени против правото на здружување, туку против контроверзните називи на здруженијата

Законот за здруженија и фондации, односно одлуките на Комисијата за употреба на имиња, уште еднаш би сакале да нагласиме дека не се насочени против уставно загарантираното право на здружување, туку против одлуките здруженијата да носат имиња на контраверзни личности, кои создаваат непријатност меѓу сите граѓани на земјата, соопшти МНР.

Во оваа смисла, како што наведуваат од МНР, Комисијата за употреба на имиња носи мериторни одлуки согласно законските прописи и интенцијата да се зачува суштината на мултиетничкото општество.

-Министерството за надворешни работи активно соработува со здруженија и организации од невладиниот сектор и го поддржува нивниот ангажман, согласно постоечката законска рамка со која се уредува формирањето и делувањето на таквите здруженија.

Уредувањето и општествените околности во Република Северна Македонија се меѓународно признаени како пример за тоа како треба да се заштитат малцинските права и да се негуваат различностите базирани на идентитетските колективни права, се наведува во соопштението.

Воедно, се додава, работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија, од друга страна, ја има целосната поддршка на институциите на Македонија, но нејзината работа не е поврзана со Законот за здруженија и фондации, односно условите под кои се формираат и делуваат здруженијата на граѓани.

-Северна Македонија има високо ниво на заштита и негување на правата и националните, јазични и културни особености на секоја заедница и тоа право не е ограничено, ниту би можело да се ограничи, подвлекуваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР „загрижено“ за правата на Бугарите во Македонија, ама не и за чувствата на Македонците за Иван Михајлов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови детали за трагедијата во Демир Капија: Демиркапиецот кој го уби соседот и порано го пријавувал за тропање од горе во полиција

Редакција

(Галерија) Ново хит место: Leaf cafe во Градски парк во Скопје

Редакција

Нови 119 случаи на Ковид-19 од 2.065 тестирања, половината од Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница