еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР преку амбасадата во Софија упати протестна нота за видеото на бугарскиот европратеник Џамбаски

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Бугарија до Министерството за надворешни работи  на Бугарија, упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Република Бугарија и заменик – претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски.

„Истовремено, ќе известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија.

Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји.

Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја – членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени,“ информираат од МНР.

Насловот на скандалозниот предизборен спот е „Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скандалозен предизборен спот на бугарскиот европратеник Џамбаски: „Македонија е бугарска, а Скопје и Охрид бугарски градови“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Motorola претставува специјaлна едиција razr и edge уреди: Првите и единствени смартфони во Pantone бојата за 2024 година

Редакција

Горивата поевтинија за половина денар

Редакција

Нови 46 случаи на Ковид-19 од 378 тестирања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница