еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Мобилни гинеколошки клиники ќе вршат прегледи за рано откривање на ракот на грлото на матката

Мобилните гинеколошки клиники, каде ќе се вршат прегледи за рано откривање на ракот на грлото на матката, денеска започнаа со работа во Општина Свети Николе, каде преку 100 жени и девојки закажаа прегледи во наредните денови, во рамки на активностите на Министерство за здравство, Македонско лекарско друштво, Црвен крст и UNFPA MK за зголемување на пристапноста и достапноста за здравствените услуги од СРЗ, особено во услови на Ковид-19.

„Целта на работата на амбулантите, коишто ќе бидат стационирани и низ други општини во наредните месеци, е да се зголеми бројот на жени и девојчиња од 15 до 61 година кои ќе направат бесплатен ПАП тест, да се зголеми инклузивноста на жените и девојчињата од ранливите групи и кои живеат во рурални и оддалечени места и да се подигне свеста за важноста од редовни контроли.

Во мобилната гинеколошка амбуланта се достапни и совети за родово базираното насилство и за планирање на семејството. Прегледите се бесплатни, а пријавувањето ќе се одвива преку матичните доктори,“ велат од УНФПА.

Работата на мобилните гинеколошки амбуланти, коишто во наредниот период ќе бидат стационирани и во други општини низ државата, е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации, кои се носители на проектот и ја обезбедија целокупната медицинска опрема неопходна за функционирање на амбулантите.

Прегледите се бесплатни, а пријавувањето ќе се одвива преку матичните доктори.

За преглед во мобилната гинеколошка амбуланта, жените и девојките можат да се пријават и на телефонските броеви: 077/653-637, 078/443-994, 074/600-171 и 032/443-171.

Фото: УНФПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бимилк отвора уште една Balans+ Зона: Крива Паланка доби нов спортско-рекреативен простор

Редакција

Нови 404 случаи на Ковид-19 од 1.524 тестирања

Редакција

Почина Мирко Петровски, повеќекратен македонски фитнес и боди-билдинг шампион

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница