еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Момче прегази двајца другари, едниот почина во штипската  Клиничка болница, а вториот се бори за живот

Момче прегази двајца другари, едниот почина во штипската  Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Според СВР Штип, околу 5.20 часот било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило.

Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Штип.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа шест пациенти од Ковид-19, тројца од Скопје и по еден од Прилеп, Битола и Тетово

Редакција

Убава вест: Оздравени 48 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Пописот ќе се спроведе безбедно и не постои шанса за ширење на вирусот, велат надлежните

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница