еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Мон Блан е за 2,22 метри понизок од пред две години

Највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан, е висок 4.805,59 метри, или 2,22 метри помалку од претходното мерење во 2021 година. Оваа разлика може да се должи на варијации на летните врнежи и е веќе забележана во минатото, изјави денеска францускиот геодетски експерт Жан де Гар на прес-конференција во Шамони.

Тој рече дека собираат податоци за идните генерации.

„Не сме таму да ги толкуваме, тоа им го оставаме на научниците“, истакна Де Гар.

Опремени со најсовремени алатки и за прв пат со дрон, тим од околу 20 луѓе кон средината на септември во осум насоки се искачи на врвот на Западна Европа во близина на француско-италијанската граница.

Тие неколку дена спроведуваа мерења и бележеле точка по точка на врвот на Мон Блан.

Тоа е 12-та акција на експедицијата, чија цел е собирање научни податоци за влијанието на климатските промени на Алпите, во рамките на иницијативата покрената во 2001 година.

„По неколку експедиции и мерења научивме многу: знаеме дека врвот е во постојано движење како во висина, со варијации од речиси пет метри, така и по положба“, рече Де Гар.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште еден црн ден во Македонија: Починаа девет лица од Ковид-19

Редакција

Починаа тројца пациенти од Ковид-19

Редакција

„Македонците благодарни на Србија“: Српските медиуми за најавата дека српските граѓани нема да плаќаат патарина во Македонија летово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница