еМагазин
Image default
Македонија

МОН: Наставниците да одмораат од 2 до 11 јануари за да се намалат трошоците за греење

Министерството за образование и наука денеска ги извести директорите на основните и средните училишта за донесената препорака да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата во периодот од 2 до 11 јануари 2019 година, за да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.

„Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и средните училишта во Република Македонија, согласно надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование, да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 2.01.2019 до 11.01.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците“, пишува во препораката потпишана од министерот Арбер Адеми.

Оваа препорака е со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти во наведениот период, се појаснува во информацијата доставена до сите основни и средни училишта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откако Обвинителството ги отфрли кривичните против него, Муареми најави тужба за клевета за Русковска

Редакција

Не фалат обрасци за лични карти, треба да се изгласа Законот, вели Спасовски

Редакција

(Видео) Реакцијата на Османи и Адеми кога дознаа дека Груби е ставен на „црната листа“ – хит на социјалните мрежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница