еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Москва: Ембаргото на руската нафта ќе донесе повисоки цени, поголема дестабилизација на енергетските пазари и нарушувањата во синџирите на испорака

Од руското Министерство за надворешни работи велат дека одлуката на Европската Унија за прекин на увозот на руска нафта веројатно ќе ги дестабилизира светските пазари, нарекувајќи ја одлуката самоуништувачки чекор, кој ќе ѝ се одмазди на Европа.

„Одлуката на Европската Унија за делумно напуштање на руската нафта и нафтените деривати, како и забраната за осигурување на руските трговски бродови, многу веројатно ќе доведе до дополнителен раст на цените, дестабилизација на енергетските пазари и нарушувања во синџирите на испорака“, соопшти министерството.

Од таму велат дека одговорноста за негативните импликации кои ќе следат е кај ЕУ.

„Брисел и неговите политички спонзори од Вашингтон сносат целосна одговорност за ризикот за влошување на глобалната прехранбена и енергетска криза предизвикана од нелегитимното дејствување на Европската Унија“, соопшти министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ се договори за нафтено ембарго врз Русија, со привремен исклучок за земјите без излез на море

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

2021 година без Скопски џез фестивал: Со предвидените средства од Министерство за култура, не може да се задржи квалитетот и реномето кое го има во светот

Редакција

Доктор Беќаровски: Во Србија строго се забранува употреба на антибиотици и високи дози на витамини, при лечење на Ковид-19 во домашни услови

Редакција

Г.г Стефан бара извинување од МТВ1 зашто наместо „Архиепископ Охридски и Македонски“ бил преставен како „Архиепископ Охридски“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница