еМагазин
Македонија

МОСТ: Граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата izbirackispisok.gov.mk. Увидот во Избирачкиот список за претстојниот референдум трае до 23 август.

Од МОСТ информираат дека како и на сите изборни процеси, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе можат да пријавуваат евентуални нерегуларности поврзани со референдумот.

Граѓанската асоцијација МОСТ во досегашното свое постоење, покрај сите национални и локални избори во Македонија почнувајќи од 2002 година, го има набљудувано и референдумот на државно ниво во 2004 година, како и трите референдуми на локално ниво – во општина Чешиново-Облешево во 2004 година, во општина Радовиш во 2007 година и во општина Центар во 2015 година.

Оваа активност, како што наведуваат од асоцијацијата, претставува надоврзување на досегашните активности, со што МОСТ се надева дека ќе даде придонес кон обезбедување на повисоко ниво на транспарентност на целокупниот референдумски процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседател на Судскиот совет може да биде било кој од членовите, а не само избраните од Собрание, одлучи Уставен суд

Редакција

Нови 112 случаи на Ковид-19 од 4.196 тестирања, бројката на активни се намали на 3.833

Редакција

Тодор Петров ја повлече иницијативата за нов референдум за името

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница