еМагазин
Македонија

МОСТ: Одѕивот до 10 часот 6,6 отсто, неправилности на две гласачки места

Одѕивот на гласачите до 10 часот, според информациите на набљудувачите на МОСТ, изнесува 6,6 проценти, а неправилности се забележани во Студеничани и селото Здуње, Гостиварско.

-Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачкото место 2344 во општина Студеничани не се отвори до 10 часот и поради тоа на ова ГМ денеска нема да се спроведува гласање и на ГМ 0531, во село Здуње, Општина Гостивар, член на избирачкиот одбор ги откинал првите три гласачки ливчиња заедно со серискиот број и истите биле искористени за гласање.

Известена била Општинската изборна комисија, направен бил записник и гласањето продолжило, беше соопштено на прес-конференција.

Од МОСТ ги демантираа информациите што се појавија во медиумите дека на првата прес-конференција одржана во 9:00 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во Општина Студеничани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Васил Зафирчев сподели застрашувачки фотографии од пожарот: Ова не е Сибир, ниту Амазон, туку Велес

Редакција

Убава вест: 288 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Фото) Кумановскиот градоначалник Димитриевски му го врати орденот на Каракачанов и му напиша протестно писмо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница