За првпат кај нас ќе се одржи голема заедничка концертна турнеја на нашите најголеми домашни ѕвезди, наречена „Мозаик 2020“.
„Затоа што заедно сме посилни. На иста сцена ќе настапат: Владо Јаневски, Влатко Стефановски, Елита Пет, Слаткаристика, Нокаут, Џамбо Агушеви Оркестар, Дани Димитровска, Ферус Мустафов, Туна, Рок симфони и Сам,“ се вели во соопштението.
Распоредот на концертите е следен:
Скопје – 28 февруари, А1 Арена „Борис Трајковски“
Прилеп – 14 март, Центар за култура „Марко Цепенков“
Куманово – 21 март, Центар за култура „Трајко Прокопиев“.
Влезници во продажба на продажната мрежа на МК тикетс.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА