еМагазин
Македонија

Може да добие казна затвор од 5 години: Македонец во Хрватска се обидел да убие еден, а повредил четворица врсници со нож

Хрватски Индекс пренесува дека окружниот обвинител на Обвинителството во Вараждин, Хрватска, донел решение за истрага за 23-годишно момче од Македонија, кое пред неколку дена во центарот на овој град се обидело да убие едно лице, а повредило уште четворица.

Инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога Македонецот со два убоди од нож на улица му нанел отворена рана на стомакот.

Исто така, постои основано сомнение дека во истата прилика на други четири жртви им нанел повеќе убодни рани и расекотини и им нанел телесни повреди, се вели во обвинението.

На младиот човек му е одредена мерка притвор поради опасност од повторување на делото, опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци во текот на истрагата.

На Македонецот ќе му се суди за две кривични дела и може да добие затворска казна до пет години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во велешката болница двајца починати од Ковид-19

Редакција

До Собранието поднесен предлог за разрешување на министрите Меџити и Алиу

Редакција

“Македонската нација е вештачка, Вапцаров е Бугарин“: Што пишува во решението на Советот на Благоевград за забрана на македонскиот клуб

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница