еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Можни ли се нови „сочни бомби“ по кулминацијата на случајот „Рекет“?

Случајот „Рекет“ повторно ја стресе македонската јавност откако вчера надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „измама“, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „перење пари и други приноси“ од казниво дело.

Меѓу осомничените е и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски. Таа стои зад функционерот, кој како што објави Обвинителството, присуствувал на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористила својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Сега останува прашањето дали ваквиот епилог може да презивика нови потреси односно објавување на нови „бомби“.

Не треба да се заборави дека пред да биде приведен Боки 13 во интервју на сите што не го сакаат, им порача дека тој поседува еден клучевите од Пандорината кутија. Тој потоа изјави дека живее за да ја расветли позадината на „Рекет“.

Дали станува збор за блеф или пак вистина е прашање на кое јавноста брзо би требало да го дознае одговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски

Ќе остане ли Ременски потпретседател на Собранието откако беше осомничена во „Рекет“?

Што изјави Фросина Ременски пред да биде осомничена за „Рекет“?

За сега нема постигната спогодба со осомничени за случајот „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитник на Нобеловата награда за мир, за кој беа номинирани и Заев и Ципрас е премиерот на Етиопија

Редакција

Патникот од Дубаи кој беше хоспитализиран на Инфективна клиника нема корона вирус

Редакција

Кој е Бојан Маричиќ, новиот министер за правда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница